Количината на квасецот зависи од тоа дали користите сув или свеж квасец, како и од количината на брашно што ќе го користите.
Ако имате добар рецепт, се што треба да направите е да ја следите количината на состојки. Мора да ги додадете точно како што е наведено во рецептот, но мора да бидат и на собна температура, освен оние што треба да бидат топли.
Постојат 2 состојки кои сигурно ќе помогнат вашето тесто секогаш да излегува совршено, а тоа се јогуртот и оцетот. Јогуртот ќе помогне производите од тестото да бидат меки, а оцетот ќе помогне тестото да нарасне побрзо.
Дали знаете колку квасец треба да додадете во тестото? Количината на квасецот зависи од тоа дали користите сув или свеж, како и од количината на брашно што ќе го користите, а тоа не го знаат многу домаќинки кои се почетници.
Во 1 кг брашно се додава цела коцка квасец (т.е. 42 гр.), кое мора да се промеша во топла вода или млеко. Се додава и шеќер, па се остава да се активира околу 10 минути.
Доколку немате свеж квасец, можете да користите сув квасец и во тој случај на 1 кг брашно се додаваат околу 20 гр сув квасец или 2 кесички.