Колку пати неделно треба да имате секс за да бидете здрави?

popara19 јули, 20241min00

Водењето љубов поттикнува лачење на окситоцин кој освен што поттикнува блискост меѓу партнерите, влијае и на поквалитетен сон. Но, колку пати неделно треба да имате секс за да ги чувствувате ефектите по здравјето?

 

 

 

Сексот еднаш неделно влијае позитивно на физичкиот изглед, ја одржува линијата но тоа не е сè. Луѓето кои имаат секс двапати неделно имаат 30% поголемо ниво на имуноглобулин кој на организмот му помага да се одбрани од инфекции, покажаа студиите.

 

Ако редовно имате секс, имунитетот ви е подобар, помали се шансите да настинете или да закачите некоја инфекција.

 

Сексот еднаш или двапати неделно исто така влијае на здравјето на срцето и ја одложува менопаузата кај жените. Истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека е 28% помала веројатноста жените на средни кои имаат секс еднаш неделно да доживеат промени во наредната деценија. Оние кои и понатаму имаат секс барем еднаш месечно имаат 19% помал ризик.

 

Редовните сексуални односи го намалуваат нивото на хомоцистеин, штетна хемикалија во крвта што може да предизвика проблеми со срцето. Се смета дека мажите кои имаат повеќе секс исто така имаат подобра циркулација и поздрави крвни садови.

 

Истражувачи од Националниот одбранбен медицински центар во Тајван следеле повеќе од 2.000 мажи и жени, на возраст од 20 до 59 години. Ги анализирале примероците на крв, мерејќи го нивото на хомоцистеин и ги споредиле резултатите со сексуалната активност на учесниците.

 

Резултатите утврдиле дека најмалку траги од хемикалијата се пронајдени кај мажите кои тврделе дека имаат секс најмалку двапати неделно, а најголеми кај оние кои имаат секс помалку од еднаш месечно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag