Колку пати неделно треба да ја миете косата?

popara23 март, 20241min00
Young woman washing hair. rear view

Миењето на косата е само еден начин за одржување на личната хигиена. Ако косата не се мие редовно, може да настанат бројни проблеми – од мрсна коса до појава на првут.

Но, колку пати неделно треба да ја миете косата?

Некои го прават тоа секојдневно, а некои на неколку дена. Колку често треба да ја миете косата зависи од типот на косата, а експертите предупредуваат дека пречестото миење всушност може да предизвика повеќе штета отколку добро бидејќи косата на тој начин ги губи есенцијалните масла кои природно се наоѓаат во неа.

Она што може дополнително да ја оштети косата е пречестата употреба на фен или пегла.

Фризерот Вес Шарптон изјави за express.co.uk дека косата треба да се мие само еднаш неделно. „Ако користите традиционален шампон, треба да ја миете косата само еднаш неделно.“

Тој објасни дека сите шампони содржат одредени супстанции кои влијаат и на косата и на скалпот и предизвикуваат одредени оштетувања. „Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да користите регенератор и други слични производи? Тоа е затоа што шампонот е премногу груб – го отстранува видливото масло, но го отстранува и корисното масло од косата и скалпот, што всушност придонесува за здравјето на вашата коса“.

Затоа Шарптон препорачува миење на косата само еднаш неделно, освен ако не користите некои понежни производи за миење. Ако користите понежни сорти, можете да ја миете косата секој ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag