Можеби има некои бактерии на кожата кои се прилепуваат за крпата, но тоа е занемарливо. Ова значи дека вашиот пешкир всушност не се валка кога го користите, што значи дека е сосема во ред да го користите повторно. Единствено важно е да го закачите да се исуши веднаш по капењето. Во спротивно – ако со денови остане згужван и влажен, може да предизвика непријатен мирис и треба да се замени.
Колку пати може да се користи истиот пешкир?
Како општо правило, не треба да го користите вашиот пешкир повеќе од три пати. После тоа, би било добро да го смените. Зошто? Секогаш кога пешкир ќе се навлажни, бактериите на него добиваат шанса да се шират и да се размножат. По некое време, пешкирот станува прилично валкан.
Дали е хигиенски да делите пешкири?
Иако многумина би се согласиле дека ова е нехигиенска практика, таа всушност е сосема безбедна. Имено, со оглед на тоа што домашните живеат заедно, големи се шансите веќе да ги имаат истите бактерии на кожата. Сепак, би било пожелно секој да има свој пешкир, особено ако некој има инфекција или кожна болест.