Колку често треба да ги переме перниците?

popara30 септември, 20241min00
Screenshot_7

Чистотата на креветот влијае многу повеќе од само спиење. Покрај тоа, може да помогне во подобрување на хигиената, како и општата благосостојба и расположение.

 

 

 

Возрасен човек губи во просек по 1,5 грама сува кожа секој ден, а поголемиот дел од тоа ќе се најде на постелнината. Овие остатоци може да се помешаат со нечистотијата и да предизвикаат симптоми на алергија или астма, како што се кашлање, кивање и чешање на очите и кожата.

 

Затоа важно е редовно да се менува постелнината. Експертите за микробиологија и дерматологија препорачаа перење на постелнината еднаш неделно за да се осигура дека ќе остане чиста. Ако спиете сами, тоа може да биде еднаш на секои две недели.

 

Извештајот на Националната фондација за спиење (NSF) покажа дека 71 процент од луѓето рекле дека спијат подобро кога на креветот има свежо испрана и чиста постелнина. За да се ослободите од мртвата кожа и бактериите, перете ги чаршафите на повисока температура и потоа добро исушете ги во сушара или на воздух. Пеглањето ќе ги отстрани сите преостанати несакани материи или организми.

 

Кога станува збор за перниците, тие треба да се перат еднаш до двапати годишно. Заштитните навлаки за душеци добро е да ги исперете на секои два месеци, додека ќебињата се перат еднаш во сезона или еднаш на секои три месеци, советуваат експертите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag