Колку често треба да се менува долната облека за да се спречи инфекција? Ќе се изненадите од одговорот

popara12 јули, 20241min00
Screenshot_2

Ќе се изненадите колку често треба да ја менувате долната облека за да спречите инфекции.

 

 

 

Многу луѓе не ја менуваат доволно често долната облека, што може да предизвика разни здравствени проблеми. Дерматологот Ања Метил вели: „Во ситуации кога нашата секојдневна активност е минимална и не сме се испотиле, прифатливо е да менуваме долна облека секој втор ден“. Додала и дека машката долна облека е малку поопуштена, како широките боксерки, па овозможува и малку подолго време на носење, пишува „Дејли мејл“.

 

Истражувањето спроведено за „Њузвик“ во јуни, во кое учествувале 1.500 возрасни лица, покажало дека 47% од нив никогаш не носат долна облека повеќе од еден ден. Но, дури 37% од младите на возраст од 20 до 30 години признале дека понекогаш носат долна облека повеќе од 24 часа, што е најдолг период меѓу сите испитани возрасни групи.

 

„Ако носат валкана долна облека предолго, мажите и жените се изложени на ризик од иритација на кожата, осип, габични инфекции или влошување на постоечките состојби, како што се псоријаза или егзема“, предупредува Сара Робертс, експерт за нега на кожа.

 

Жените треба да се пресоблекуваат неколку пати на ден

 

Сепак, д-р Ања вели дека има ситуации кога долната облека треба почесто да се менува. Жените кои имаат обилни менструации или вагинален исцедок треба да размислат за промена на гаќичките неколку пати на ден за да спречат развој на инфекции. Колку често треба да се менува долната облека зависи од годишното време, поради потење. Во лето, кога е топло, пожелно е да ја менувате долната облека неколку пати на ден, додека во постудените денови доволно е еднаш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag