Конечно е познат строгиот кодекс на облекување: Годинешната Мет Гала станува најексклузивната забава во бајковити цветни креации

popara16 февруари, 20244min00
Џенифер Лопез

“Vogue” конечно го објави најочекуваниот кодекс на облекување на годината, оној за Мет Галата, која ќе се одржи на 6 мај. Годинешната тема ‘The Garden of Time’, гостите ќе имаат можност да ја протолкуваат многу буквално, преку бајковити цветни креации, но и нешто послободно, инспирирани од концептот на времето и минливоста и утопистичкиот свет од приказната што ја инспирираше темата.Покрај презентацијата на кодексот на облекување чии толкувања едвај чекаме да ги видиме , конечно беа претставени водителите, а се уште не се знае кој музички настап ќе го краси најважниот моден настан годинава.

Мет Гала оваа година ќе биде, како што изгледа, забава во градина.”Vogue” синоќа објави дека овогодинешната гала, која ќе се одржи на 6 мај, ќе се совпадне со изложбата ‘Sleeping Beauties: Reawakening Fashion’ на институтот за костими на Метрополитен музејот, а во оваа прилика конечно беше откриен кодексот на облекување. Гостите, секако, ќе имаат можност да ја интерпретираат темата буквално, преку бајковити цветни креации, за кои веќе почнаа да се прават разни шеги низ Интернет, во вид на фотомонтажи на познати гости како што замислува тролови на овогодинешната Мет Гала, во форма на потсетување на иконската сцена со Миранда Пристли од филмот „Ѓаволот носи Прада“ – „Цвеќиња? Во пролет? Невидено!”.

Покрај претставувањето на кодексот на облекување, чии толкувања едвај чекаме да ги видиме, конечно беа претставени и водителките, а оваа година честа ја добија Зендаја, Џенифер Лопез, Бад Бани и Крис Хемсворт. За разлика од другите, ова ќе биде прв пат на Крис да присуствува на Мет Гала, а штом ја доби поканата, се пошегува на својот Инстаграм прашувајќи дали некој може да му позајми облека во склад со темата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

Кој ќе го краси најважниот моден настан во годината со својот музички настап се уште не се знае, бидејќи ова е информација која редовно се чува во строга тајност,останува да видиме на 6-ти мај.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag