Најпознатата корејска драма на денешницата, Squid Game, конечно стигна до втората сезона! Сите фанови на оваа глобално популарна серија сега можат да ги гледаат сите седум нови епизоди кои пристигнаа на Нетфликс.
Втората сезона го носи враќањето на главниот лик Ги-хун (Ли Џунг-џае), познат како Играч 456, кој се враќа во смртоносната игра со јасна цел – да го запре овој страшен и безмилосен систем на натпреварување.
Сепак, ќе се соочат со предизвици од мистериозниот Фронтмен (Ли Бјунг-Хун), додека новите правила на игра ги тестираат силите и моралот на учесниците.
Три години по неговата победа, Ги-Хун одлучува повторно да влезе во играта за да ги открие тајните зад организацијата, вели директорот Хванг Донг-Хјук. Нови играчи, интригантни игри и непредвидливи заплети ве очекуваат во сезона која ветува уште поголема напнатост и емотивни моменти.
Со номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија, втората сезона на Squid Game веќе е во центарот на вниманието. Ако сте подготвени за уште една рунда на хорор за преживување, вклучете го Нетфликс и гледајте како Ги-Хун ја продолжува својата борба за правда – и опстанок.