Се чини дека Тревис Келси, американскиот фудбалер кој според гласините наскоро планира да ја запроси, не е единствениот кој е „луд“ по познатата музичарка Тејлор Свифт. Се вели дека бездомник од Њујорк има големи симпатии кон неа, а неодамна се обидел да влезе во нејзината зграда, но бил спречен од полицијата. Имено, средовечниот маж е уапсен на повик на соседите кои го обвиниле осомничениот дека повеќе од еден месец се вртел околу нивната зграда во Трибека, каде живее познатата пејачка. Наводно, неколку пати се обиделе да го избркаат од населбата, но тој упорно со денови, без збор, шетал околу зградата згрбавен, пушел цигара по цигара и гледал во влезот.
„Кога пристигна пред Божиќ, мојот сопруг го прашал што прави тука, а тој рече: „Сакам да се видам со Тејлор“. Дури еден ден носеше и цвеќе“, рекла една вознемирена сосетка, тврдејќи дека неколку пати викнале полиција, но тие не реагирале.
„Го замолив да си оди утрово, а тој само се загледа во мене целосно кататонично“, додал друг сосед откако полицијата конечно одговорила на повик. Засега непознатиот маж е приведен во полициска станица, а пејачката, која не се огласи за овој случај, како и нејзините соседи може да здивнат. Но ова не е прв пат полицијата да се занимава со нејзиниот проблем со демнењето. Имено, Тејлор имала неколку инциденти со следење. Од Роџер Алварадо кој се обидел да упадне во нејзиниот дом, до Ерик Сварбрик кој возел повеќе од 1.000 километри до нејзината куќа за да ѝ достави заканувачки писма, пишува New York Post.