Конечно откриена фитнес тајната: Колку протеини треба да внесуваме за да ослабнеме?

popara21 мај, 20241min00
image_2024-05-21_092652395

Протеинот е од суштинско значење за одржување на различни функции на телото, вклучувајќи обновување на мускулите, метаболизам и ситост. Дневниот внес на протеини може да има значително влијание врз слабеењето. Фитнес тренерот Ендрју Вајт, кој има над 900.000 следбеници на Инстаграм, откри колку протеини треба да се консумираат дневно за успешно слабеење.

Поголемиот внес на протеини може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта, намалување на желбата за храна и регулирање на нивото на енергија во текот на денот, што може да ги зголеми напорите за губење на тежината, вели тренерот. Кога станува збор за специфичната количина на дневен внес на протеини, тој истакнува дека тоа зависи од „возраста, полот, мускулната маса, нивото на физичка активност и целокупното здравје“. За оние кои сакаат да ослабат, се препорачува да консумираат од 1,2 до 1,6 грама протеини на килограм телесна тежина дневно.

Фитнес тренерот тоа го објасни со конкретен пример: „Ако човек тежи 68 килограми, тоа значи дека мора да консумира од 82 до 109 грама протеини дневно. Овој опсег помага да се создаде чувство на ситост, што може да го намали вкупниот внес на калории и зачувување на мускулната маса за време на калориски дефицит“, истакнува Ендрју.

Меѓутоа, при слабеење, важна е и урамнотежена исхрана, распоред на оброци и соодветна хидратација. „Обезбедете доволен внес на здрави масти и јаглени хидрати. Високиот внес на протеини бара добра хидратација, затоа зголемете го внесот на вода. Распределувањето протеински оброци во текот на денот може да ја подобри синтезата на мускулите и да влијае на чувството на ситост. Обидете се да вклучите некој извор на протеини во секој оброк“, советува тренерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag