Конечно откриено: Еве колку секс е нормално во врската и бракот, а ова би било идеално

popara25 јануари, 20241min00
Screenshot_2

Ако некогаш сте се прашале дали имате доволно секс во врската, не грижете се, не сте единствени. Ова прашање често се поставува кога постои чувство на недостиг на возбуда или страсти меѓу партнерите.

 

 

 

 

Од друга страна, понекогаш паровите се задоволни од количината на секс, но надворешните влијанија како слушањето на другите луѓе колку често имаат секс може да поттикне преиспитување на сопствениот сексуален живот.

 

Сексуалните терапевти препорачуваат да размислите за тоа како зборот „доволно“ се дефинира, дали се темели на споредба со сексуалниот живот на другите луѓе или не. Во реалноста, не постои нормално, не постои вистинска количина за секс.

 

Не постои волшебен број кој вреди за секој пар, а колку често паровите треба да имаат интимни односи варира во зависност од потребите на парот. Некои луѓе се совршено среќни со секс еднаш во неколку месеци, додека други за тоа би рекле дека е врска без секс.

 

И секако, додека некои луѓе сакаат да бидат во врска без секс, се зависи од поединецот. Вистинското прашање е дали секој партнер поединечно се чувствува како да има задоволителна количина секс. Дали сте задоволни со сексуалниот живот каков што е сега?

 

Еден од проблемите со прашањето „колку секс е доволно“ е што фокусот е поставен на погрешни работи.

 

Всушност, станува збор за тоа колку партнерите се чувствуваат поврзани и колку уживаат во врската. Истражувањата покажуваат дека задоволството во бракот е полно со тешкотии. Општо, доаѓа до намалена зачестеност и задоволство бидејќи паровите заедно живеат подолго време.

 

Сексуалната активност се намалува кога ќе се земат и други фактори како работни обврски, домашни обврски, деца, физички и физиолошки фактори и друго.

 

Истражување објавено во 2015 година во кое учествувале повеќе од 2.400 брачни парови покажа дека колку парот има повеќе секс, толку луѓето се посреќни.

 

Меѓутоа, среќата дошла до максимум при еден сексуален однос неделно.

 

Значи, сексот еднаш или двапати месечно можеби нема да биде доволно, но и повеќе од еднаш неделно не ја зголемува среќата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag