Орхидејата е многу чувствителна, па затоа е многу важно како се грижите за неа. Наместо обична вода, експертите советуваат овие цвеќиња да се полеваат со зелен чај.
Не мора да го готвите посебно, но кога ќе пиете чај, оставете голтка на дното од шолјата, која на крајот од денот ќе ја истурите во орхидејата.
Не претерувајте и внимавајте чајот да не е премногу силен. Истурете максимум две лажици чај дневно, но не ги полевајте цвеќињата за време на викендите.