Актерката Кортни Кокс неодамна изјави дека нејзиниот пријател и колега од „Пријатели“ Метју Пери ја „посетува“ дури и по неговата смрт.
Метју Пери почина на 54-годишна возраст на 28 октомври минатата година.
Кокс и Пери глумеа како Моника и Чендлер во хит ситкомот „Пријатели“ од 1994 до 2004 година. Кокс сега изјави дека сè уште го „чувствува“ Пери околу неа, седум месеци по неговата смрт.
„Толку сум благодарна што бев во можност да соработувам толку блиску со него толку многу години“, рече таа за време на гостувањето во неделното утро на CBS. „Тој често ме посетува, ако можеме да веруваме.“
Актерката додала дека сè уште разговара со другите починати членови на семејството.
„Зборувам со мама, тато, Метју. Чувствувам дека има многу луѓе кои не водат. Чувствувам дека Метју е дефинитивно таму“, рече Кокс.
Минатиот ноември, Кокс сподели трогателна почит за Пери во месеците по неговата смрт.
„Толку сум благодарна за секој момент што го споделив со тебе Мети и ми недостигаш секој ден“, напиша Кокс на Инстаграм покрај сцената од епизодата од 1998 година.