На 20-ти февруари го прослави својот 19-ти роденден, а еден месец подоцна на јавноста и ја претстави својата нова девојка Скај Ладел, 23-годишна танчерка и модел. Парот расположен се прошета во Западен Холивуд, а Круз Бекам, синот на модната дизајнерка Викторија Бекам и фудбалскиот менаџер Дејвид Бекам, сјаеше од среќа во друштво на својата избраничка.
Неговата девојка е Австралијка со јужноафриканско потекло, која пораснала во Сиднеј, каде што од рана возраст вежбала балет, пред да се посвети на современиот танц, глумата и перформанс уметноста.
Таа беше придружна танчерка за Дуа Липа на музичките награди АРИА во 2019 година и Сем Смит на фестивалот Марди Грас, а се испроба и во филмот. Но, пред се, таа е модел и инфлуенсер, за чија популарност сигурно ќе придонесе врската со Круз Бекам. Круз ѝ се придружи на нејзината армија следбеници на социјалната мрежа TikTok минатиот октомври, што се совпадна со неговото раскинување со Тана Холдинг, неговата тинејџерска љубов од една година.
Како и да е, врската помеѓу Круз Бекам и Скај Ладел изгледа е многу сериозна, а австралиската танчерка и манекенка пристигнала во САД за да помине малку време со момчето, а воедно и да се сретне со неговите родители.
View this post on Instagram
Иако ја помина фудбалската академија на Арсенал, Круз Бекам својата иднина не ја гледа во спортот, туку во музиката. Пред четири години го објави својот деби-сингл „If Everyday Was Christmas“, а потоа потпиша ексклузивен договор со менаџерскиот тим Тап мјузик, кој ги лансираше кариерите на поп ѕвездите како Дуа Липа, Ели Гулдинг и Лана дел Реј.
„Создавам музика што сакам да ја слушам, а моите песни се засноваат на моите искуства“, вели Круз Бекам, чии музички фаворити се Оејзис, Ашер и Бијонсе. Ако случајно му треба танчерка на сцената, тој знае кому да се обрати за помош.