Исчезнувањето и сега болеста на принцезата од Велс се уште е тема број еден во светските медиуми. По него следат бројни теории на заговор, од кои последната е поврзана со видеото во кое Кејт Мидлтон објави дека има рак и вмешаноста на вештачката интелигенција во создавањето на таа содржина.
Кенсингтонската палата соопшти дека снимката од војвотката од Корнвол и Кембриџ ја продуцирала телевизијата Би-Би-Си, а многумина забележале „чуден избор на локација, гардероба, сенка, прстен што се појавува, а потоа исчезнува“.
Вчера официјалниот претставник на UnityNewsNet, влијателна заедница на социјалната мрежа Х, побара одговор на сите овие дилеми од генералниот директор на оваа телевизиска куќа Тим Дејв.
„Со оглед на тоа што веќе објавивте дека експериментирате со употребата на вештачка интелигенција во креирањето содржини, се прашуваме дали има употреба на вештачка интелигенција во видеото на Кејт Мидлтон? Дали се генерираат некои видео или аудио записи од компјутер? Под аудио мислиме на зборовите изговорени од Кејт? Каде точно е снимено ова? Изгледа како градина, но дали е снимено во студио? Дали сте користеле ефект на „зелен екран“ или друга слична технологија? Дали имало употреба на софтвер за дигитално уредување по снимањето? Сигурни сме дека сте свесни дека има многу шпекулации за снимката и дека треба итно да одговорите на овие прашања“, се наведува меѓу другото во писмото што до првиот човек на Би-Би-Си го испратил претставникот на групата УНН, Дејвид Кливс.