КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА имала личност која била задолжена да ѝ ги РАЗГАЗИ ЧЕВЛИТЕ: Еве кој бил на таа функција

popara1 јануари, 20244min00
5b74fbc906a7b71e21922ffa39d04884bb2a638d

Анџела Кели е британска модна дизајнерка и шивачка, која била личен асистент и стилист на кралицата Елизабета од 2002 година. Нејзината официјална титула била: личен асистент, советник и куратор на нејзиното кралско височество. Работела за неа повеќе од две децении, а била и блиска пријателка на кралицата.
Холографот Роб Мундеј, кој ја создаде првата холографска слика на кралицата, изјави за Hello за пријателството на двете жени за време на неговиот престој во Бакингемската палата:

„Односите меѓу Анџела Кели и кралицата беа неверојатни, а можеше да се види нивната поврзаност еден со друг. Кралицата имаше целосна доверба во Анџела“, се сеќава Роб.

Покрај тоа што дизајнираше како ќе изгледа кралицата, вклучително и изборот на тијарата и накитот заедно со целиот стајлинг, таа имаше уште една интересна улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Fun Facts (@royallifefan)

Имено, Анџела била задолжена да ги разгази новите чевли на кралицата, пред таа да ги облече! Таа би ги носела чевлите пред самата кралица. На овој начин при разни ангажмани и средби со луѓе не би морала да доживее непријатност и формирање на плускавци, а со тоа би можела невознемирена да се шета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma