Некои растенија се подготвуваат за хибернација, но не и Ерика!
Зимзелената грмушка, која доаѓа до израз во текот на есента и цвета кога ќе залади, постои во дури 800 сорти. Последниве денови е забележана по маркетите и продавниците, а нејзините ситни бели, виолетови или розови цветови веќе цветаат. Ерика е едногодишно растение, а цвета од септември до декември.
Тоа е импресивна декорација за балконите во текот на есента и зимата бидејќи нејзината идеална температура за раст и цветање е помеѓу 5 и 15 степени.
Најпопуларните видови во затворен простор се Erica gracilis и Erica hyemalis, додека сопствениците на градини често ги избираат Erica arborea и Erica carnea.
Erica gracilis е препознатлива по бели, розови и светло виолетови цветови кои се појавуваат наесен. Во текот на зимата, најсилна декорација на растението стануваат неговите лисја, кои ја менуваат бојата од зелена во кафена. Ако дојде до тешка зима, коренот мора да се заштити со гранки од дрвја или кора.
Erica hyemalis е грмушка која цвета во зима, а цветот може да има црвена или бело-розова боја. Може да порасне и до 40 сантиметри.
Ерика сака места во полусенка, а киселите почви и се погодни со редовно полевање со таложена вода и прскање на лисјата од време на време.