Кралот Чарлс испрати порака на англиските фудбалери: „Мислете на стресот и крвниот притисок на нацијата“

popara11 јули, 20241min00
BRITAIN-ROYALS-CORONATION

Кралот на Обединетото Кралство Чарлс III и честиташе на англиската фудбалска репрезентација за пласманот во финалето на европското првенство во Германија, порачувајќи им на играчите „да мислат на стресот и крвниот притисок на нацијата“.

„Мојата сопруга и јас се придружуваме со целото наше семејство во нашите најтопли честитки за пласманот во финалето на Европското првенство и во испраќањето на нашите најдобри желби за неделниот натпревар“, рече кралот Чарлс.

Познат по својот суптилен, но речиси секогаш присутен хумор, Чарлс упати и барање до тренерот и играчите.

„Ако можам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудесни голови во последен момент или друга драма од видот на пенали, сигурен сум дека стресот и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат, со среќа Англија“, напишал англискиот крал.

Англија во полуфиналето на ЕУРО ја победи Холандија со 2-1, а во финалето во Берлин в недела ќе игра против Шпанија.

На „Гордиот Албион“ му честиташе и принцот Вилијам, кој се очекува да присуствува на последното судење во недела. Принцот, кој е и голем фан на Астон Вила, посебно му честиташе на стрелецот на решавачкиот гол, Оли Воткинсон, кој е играч на Вила.

„Колку прекрасен гол, Оли. Честитки Англија, финалисти на ЕУРО“, изјави принцот на мрежата Х.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma