Кралот Чарлс мора на операција, од палатата соопштуваат дека ги одложува сите службени обврски

popara18 јануари, 20241min00
o_31904993_1280

Веста дека кралот Чарлс ќе мора да оди во болница следната недела, поради проблеми со простатата, одекна низ Велика Британија. Наследникот на Елизабета Втора има 75 години, односно е на возраст кога ваквите интервенции се чести. Бакингемската палата на 17 јануари објави дека кралот ќе мора да ги одложи сите должности поради здравствени проблеми.

„Состојбата на неговото височество е бенигна и тој ќе дојде во болница на операција. Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за време на периодот на опоравување“, се вели во внимателно формулираната изјава, објавена од Дејли Мејл. Без оглед на намерата на палатата да ја увери јавноста, операцијата на кралот предизвикува голема загриженост.

Секоја процедура под анестезија носи одреден ризик, па сограѓаните од срце му посакуваат на кралот се да биде добро и што побрзо да закрепне. Истиот ден, но во посебно писмено соопштение, палатата Кенсингтон откри дека Кетрин, принцезата од Велс, исто така се лекувала во болница по операција на абдоменот. Идната кралица е примена во лондонската клиника во Мерилебон, а се верува дека Кејт ќе му се врати на јавниот живот по Велигден.

„Операцијата беше успешна и се очекува принцезата од Велс да биде задржана во болница во следните десет до четиринаесет дена, по што ќе биде пуштена на домашна нега. Според препораката на лекарскиот тим, таа ќе ги откаже сите нејзините протоколарни и други обврски до април оваа година“, се вели во официјалното соопштение на палатата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag