Кралот Чарлс III излезе од болница

popara29 јануари, 20241min00
Screenshot_3

Кралот Чарлс Трети ја напушти болницата три дена по операцијата поради зголемена простата. Кралот ја напуштил приватната болница во Лондонската клиника откако таму поминал три ноќи по операцијата на простатата. Кралот бил во болница со бениген проблем со простатата, што е честа состојба кај постарите мажи, пишува „Би-би-си“.

 

 

 

Веста дека Кралот Чарлс одлучил да направи „корективна процедура“ на неговата простата, беше објавена во медиумите за да ги охрабри другите мажи да ја проверат својата простата. Исто така, по објавувањето на оваа вест имаше зголемен број на интернет пребарувања за зголемена простата.

 

Според медиумите кралот бил воодушевен кога дознал дека неговото јавно обраќање за дијагнозата има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје.

 

Бакингемската палата соопшти дека кралот ќе ги презакаже своите јавни ангажмани „за да си овозможи период на приватно закрепнување“. Не е познато колку долго кралот ќе ги паузира официјалните посети, ниту каде ќе го помине времето во закрепнување.

 

Инаку, утрово и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ја напушти истата болница лоцирана во центарот на Лондон, речиси две недели откако беше подложена на операција на абдоменот. Принцезата е однесена во својот дом во Виндзор, без никакво појавување во јавност и ќе помине месеци во опоравување. Точната причина за операцијата не е откриена.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma