„The Witcher“ на Нетфликс има горко-слатки вести за обожавателите. Откако беше потврдено дека Хенри Кавил ќе биде заменет со Лиам Хемсворт во главната улога, сега е откриено дека петтата сезона од популарната серија ќе биде и последна. Беше најавено и дека четвртата и петтата сезона ќе се снимаат една по друга. Фановите се очекувано разочарани бидејќи сметаат дека „The Witcher“ не вреди без Хенри Кавил и дека новата сезона со Лиам нема да има добра гледаност.
„Моето патување како Гералт од Ривија беше исполнето и со чудовишта и со авантури, но за жал, ќе ги оставам моите медалјони и мечеви за четвртата сезона. На мое место, фантастичниот г-дин Лиам Хемсворт ќе ја преземе облеката на Белиот волк. Како и со најголемите литературни ликови, го предавам факелот со почит за времето поминато во портретирање на Гералт и ентузијазам да го видам погледот на Лиам на овој фасцинантен човек“, изјави Хенри Кавил по неговото заминување од серијата, кој призна дека причината неговото заминување од серијата беше тоа што не можеше да најде заеднички јазик со креаторите на серијата.
Иако се уште не се знае кога доаѓа четвртата сезона, фановите се скептични за нејзиниот успех, па дури може да се забележат коментари дека одлуката за гасење по петтата сезона требало да дојде порано.