Вкусно топло чоколадо кое ќе ја комплетира празничната атмосфера.
Рецепт за 2 чаши:
1,5 чаши полномасно млеко (околу 350 ml)
1 лажица пченкарен скроб
малку сол
1 лажица какао
4 лажички екстракт од ванила
40 грама темно чоколадо
40 грама млечна чоколада
2,5 лажици шеќер
125 гр слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
рендано чоколадо
Подготовка:
Во изладен сад изматете ја слатката павлака додека не се формира шлагот. Покријте и ставете го во фрижидер. Исечете ги двете чоколади на мали парчиња. Во помал сад измешајте 1 лажица пченкарен скроб, 1/4 чаша млеко, просеано какао во прав и шеќер и изматете. Загрејте ја смесата на средна топлина, често мешајќи за да спречите формирање на грутки. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја температурата и додадете прстофат сол, екстракт од ванила, а потоа исклучете ја топлината и измешајте ја сечканата чоколада додека целосно да се растопи и да добиете мазна и густа топла чоколада. Истурете во шолја, додадете шлаг и декорирајте со рендано чоколадо.