Потребно е:
1/2 кг крем сирење
2 варени јајца
4 чешниња лук
1 лажица сенф
100 гр мајонез
2 дл павлака
5 кисели краставички
малку сол и бибер
Подготовка:
Киселите краставички, лукот и јајцата ситно исечкајте ги. Изгмечете го сирењето со вилушка, па додајте павлака, мајонез и сенф. Мешајте додека смесата убаво да се соедини, а потоа додадете ги краставиците, јајцата и лукот. Уште еднаш измешајте го намазот, проверете дали е доволно солен и додадете сол и бибер.