Потребно е:
400 гр тиква
4 моркови
1 голем компир
1,5 l вода
свеж магдонос
3 чешниња лук
2 мали кромида
сол
бибер
Подготовка:
Варете ги тиквата, морковот, компирот и кромидот околу половина час. Исцедете ја водата и испасирајте ги состојките со блендер за стапчиња. Повторно ставете го на шпорет и посолете и побиберете. Промешајте, па кога ќе зоврие, варете уште 3 минути. Потоа додадете сечкан магдонос и лук. Добро измешајте. Украсете со павлака или кисело млеко. Пријатно!