КРИМИНАЛНА БАНДА ПУКАЛА ВО ПОЗНАТИОТ АКТЕР! Полицијата соопшти дека напаѓачите се уапсени

popara18 април, 20241min00

Двајца членови на познатата криминална банда „Бишнои“ од Индија пукале во домот на познатиот боливудски актер Салман Кан како одмазда поради тоа што убил две антилопи пред повеќе од 20 години, пишува Би-би-си.

 

 

 

 

Членовите на бандата, огранок на пустинската секта која ги смета антилопите за реинкарнација на нејзиниот духовен водач, пукале од мотоцикл во минување, во станoт на актерот во Мумбај, кој го обезбедува идниската полиција. Актерот и неколку членови од семејството биле присутни во домот кога се случил нападот. Но, никој не е повреден.

 

Полицијата соопшти дека напаѓачите се уапсени во својот храм, откако пукале во домот на актерот. Двајцата напаѓачи ја признале нивната вмешаност во инцидентот.

 

Двајцата наводни сторители беа претставени пред судот во Мумбај. Одделот за криминал  побара од судијата повеќе време да состави докази за кривично гонење на осомничените. Тие ќе останат во притвор до следното рочиште, закажано за 25 април.

 

Инаку, актерот е мета на бандата на Лоренс Бишнои, откако застрела две антилопи за време на рекреативен лов во 1998 година. Кан беше осуден на пет години затвор, но казната беше поништена по неколку дена, што го натера Бишнои да објави дека неговата банда „ќе го земе законот во свои раце“.

 

Салман Кан е познат боливудски актер кој глумел во речиси 150 боливудски филмови и серии. Бишнои моментално отслужува затворска казна за неговата вмешаност во неколку случаи на убиства од висок профил, вклучувајќи го и убиството на индискиот рапер Сиду Мус Вала во 2022 година.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag