Крофните ги сака повеќе од Џеј Ло: Бен Афлек ги пресоздаде урнебесните снимки кои станаа вирален хит во 2020

popara5 јануари, 20241min00
Screenshot_1

Бен Афлек (51) не се откажува од љубовта кон „Данкин донатс“, што воопшто не изненадува бидејќи актерот на почетокот на оваа година сними реклама за овој американски синџир на ресторани за кафе и крофни.

 

 

 

 

Инспирација за оваа реклама е хаотичниот момент од 2020 година, кога Афлек истури кутии со крофни и кафе од „Данкин донатс“ пред неговиот дом во Лос Анџелес. Набрзо тие папарацо фотографии станаа вирални на социјалните медиуми.

 

Сега, за потребата на рекламата, Афлек се облече речиси исто како во тој момент – лежерни фармерки и маичка. Како што може да се види на фотографиите, актерот во рацете носел шест пакети со ледено кафе и крофни. Во една сцена од рекламата – кутиите му паѓаат на земја.

profimedia-0834071520
Бен-Афлек-5

Интересно е дека, меѓу другото, актерот носи и маичка со стара фотографија од него и неговиот најдобар пријател Мет Дејмон.

 

Во снимањето на рекламата, тој ги здружи силите со инфлуенсерката Чарли Дaмелио. Таа неодамна изјави дека не знае кој е Бен Афлек, иако и двајцата ја сакаат храната на „Данкин донатс“.

 

Инаку, се претпоставува дека оваа реклама ќе биде прикажана за време на годинашното финале на Супербол, во организација на Националната лига во американско рагби – НФЛ.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag