Култниот британски рок бенд најави нова песна: Прв пат после 16 години!

popara24 септември, 20241min00
1727159121-saso-tusar-QtgGYlug6Cw-unsplash-e1727159205900-1024x689

Британскиот рок бенд The Cure го најави објавувањето на својата прва песна по 16 години.

Песната ќе биде објавена на 26 септември, а во 12 часот први ќе ја слушнат слушателите на британското BBC Radio 6, пренесува профилот на британската група на платформата X.

Заедно со објавувањето, беше поставен и клип од новата песна од дваесетина секунди.

Британскиот весник „Гардијан“ наведе дека „Alone“, симфониска балада „со тешки тапани и електрична гитара“, најверојатно ќе биде дел од новиот албум „Songs of a Lost World“, на кој групата работи неколку години, кој треба да биде објавен на 1 ноември.

Последниот албум издаден од групата The Cure е „4.13 Dream“ од 2008 година.

Со богата дискографија, The Cure има огромен број следбеници, вклучително и млади фанови. Тие имаат повеќе од 17 милиони прегледи месечно на Spotify, значително повеќе од повеќето бендови од 1980-тите, според Гардијан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag