Култниот филм со Мерил Стрип добива свое продолжение: Светот едвај чека да ја види познатата актерка во оваа улога

popara10 јули, 20241min00
Screenshot_24

Легендарниот моден филм „Ѓаволот носи Прада“ („The Devil Wears Prada“), чии сцени и фрази станаа важен дел од поп-културата, ќе го добие долгоочекуваното продолжение.

 

 

 

 

Алин Брош Мекена го напиша сценариото за првиот дел на модната драма со Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант во главните улоги, а ќе го напише и за неговото продолжение, кое ќе биде под покровителство на „Дизни“.

 

Претставниците на студиото одбија да коментираат, па сè уште не е познато дали и кој ќе се врати од оригиналната актерска екипа. Сепак, се шпекулира дека Мерил Стрип и Емили Блант би можеле да се појават во филмот.

 

Имено, пред само неколку месеци Ен Хатавеј изјави дека не верува дека некогаш ќе се случи продолжение на приказната, но сега испадна дека нејзиното верување е погрешно. Покрај Алин Брош Мекена, се враќаат и оригиналниот режисер Дејвис Френкел и продуцентката Венди Фајнерман.

 

Да потсетиме, „Ѓаволот носи Прада“ е филмска адаптација на истоимениот роман на Лорен Вајсбергер од 2003 година.

 

Приказната ја следи Енди Сакс (Ен Хатавеј), неодамна дипломирана новинарка која се сели во Њујорк и добива работа како помлада асистентка на Миранда Пристли (Мерил Стрип), моќната главна уредничка на едно списание за висока мода. Енди првично се бори со околината под висок притисок и немилосрдните барања на Пристли, но постепено се прилагодува, стекнувајќи доверба и стил.

 

Донесувајќи ѝ на Стрип Златен глобус и номинација за Оскар, филмот беше и остана голем успех, а во него се појавија и Стенли Тучи, Сајмон Бејкер и други.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag