Ладењето на кожата со мраз е најдоброто нешто за вашиот тен: Овој третман делува веднаш и е најевтин

popara3 август, 20241min00
Screenshot_4

Сигурно сите ќе се согласите дека е важно да се грижиме за кожата и да ја одржуваме здрава и блескава.

 

 

 

 

Но, иако можеби не изгледа така, за тоа не секогаш се потребни креми и скапи производи за нега.

 

Одличен ефект може да се добие и со ледена терапија, која делува многу релаксирачки, а ќе ви биде потребен само мраз.

 

Погледнете зошто треба да ја негувате кожата со коцки мраз:

 

  1. Сѐ што треба да знаете за ладните терапии

Лицето секогаш треба да ви биде чисто пред терапијата.

 

Носете ракавици кога ќе држите коцки мраз за да ви ги заштитат рацете.

 

Не го ставајте мразот директно на кожата, без да го обложите со мека крпа или пластична кеса.

 

Можете да ги ставате коцките мраз директно, само за намалување акни и отоци околу очите.

 

За да избегнете изгореници на кожата, никогаш не го оставајте мразот на телото повеќе од 1 час.

 

Можете да го зголемите ефектот на терапијата со коцки мраз од краставица, зелен чај или лук.

 

  1. Измазнете ја кожата

Секоја вечер пред да си легнете, измијте го лицето, наполнете пластична кеса со мраз и нежно масирајте го лицето и вратот околу 3 минути. За неколку дена, резултатите ќе бидат воочливи – вашата кожа ќе биде свежа и мазна.

 

  1. Осолободете се од акни

Терапијата со мраз е еден од најдобрите начини за решавање на проблемот со акните. Измијте го лицето, завиткајте коцка мраз со чиста мека крпа и нежно притискајте ја акната 3-5 минути. Резултатите може да ве изненадат.

 

  1. Намалете ги брчките

Мразот ја подобрува циркулацијата на крвта и го спречува предвременото стареење и појавата на брчки. Можете да го масирате лицето секој ден по 1 минута, пред да нанесете шминка.

 

  1. Борба против отворени пори

Ставајте коцка мраз директно на вашето лице околу 2-3 минути. Ако сте доволно упорни, ќе забележите дека проширените и отворени пори, ќе почнат да се намалуваат за неколку дена.

 

  1. Ослободете се од отокот околу очите

Плачевте цела ноќ и се разбудивте со подуени очи? Мразот е решението за овој проблем. Завиткајте 2 коцки мраз во 2 парчиња ткаенина или крпи, ставете ги на затворени очи и нежно со кружни движења, масирајте ги подуените места.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma