Легендарниот тенисер Борис Бекер се ожени со својата 23 години помлада партнерка Лилијан во Портофино! Невестата блесна во венчаница шифон со тројна симболика

popara16 септември, 20247min00
Борис Бекер

Поранешниот тенисер и најмладиот победник на Вимблдон во историјата, денес 56-годишниот Борис Бекер, во саботата во Портофино, Италија, се ожени со својата 23 години помлада партнерка Лилијан де Карваљо Монтеиро.

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер минатиот викенд по трет пат застана пред олтарот во ексклузивното италијанско летувалиште Портофино, овој пат со финансискиот аналитичар Лилиан де Карваљо Монтеиро, која го посетуваше во англискиот затвор. Според модната библија Vogue, која ја следеше самата венчавка, тридневната свадбена прослава била одржана во интимен амбиент со околу 80 гости, а невестата за својот посебен ден блеснала во бајковита венчаница со тројна симболика.

Двојката наводно се свршила во 2021 година, а менаџерката за проценка на политичкиот ризик од африканскиот остров Сао Томе и Принципе го посетувала во затвор, каде што отслужил осум месеци од две и пол години затвор за измама и личен банкрот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VOGUE Germany (@voguegermany)

Свадбената церемонија траела дури три дена, а фотографии од венчавката на официјалната страница на Инстаграм објави германски Vogue. Невестата блескаше во венчаница од свилен шифон без прерамки, за која рече дека е инспирирана од сликата во масло на Рене Магрит од 1928 година „Љубовници“ од нејзиниот пријател, модниот дизајнер Андреа Равели.

Станува збор за трослојна креација која крие скриена симболика – еден слој за минатото, еден за сегашноста и еден за иднината.

Младоженецот носел бел смокинг со машна, а младенците си разменувале завети покрај фонтаната украсена со бели цветови во внатрешниот двор на трикатницата што ја изнајмиле за таа пригода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)

Пензионираниот тенисер, кој во 1980-тите и 1990-тите беше еден од најдоминантните спортисти, низ годините го привлекуваше вниманието на медиумите со својот бурен љубовен живот, вонбрачните афери и разните скандали, од кои најголем беше тој со измамата доверители и даночници, поради што завршил во затвор во Лондон и во моментов не може да се врати во својот дом во Велика Британија.

Ова е трет брак на тенискиот великан. Тој се ожени со својата прва сопруга Барбара во 1993 година, а се разведе во 2001 година, откако тенисерот призна дека имал афера додека неговата сопруга била бремена со нивното второ дете. Потоа се ожени со Лили Бекер, а се разделија во 2018 година по девет години заедно.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag