Легендарниот француски актер Ален Делон беше погребан на својот имот во најстрога тајност,неговото семејство не му ја исполни последната желба…

popara26 август, 202414min00
Ален Делон

Познатиот француски актер Ален Делон, кој почина предминатиот викенд, беше погребан во саботата во неговиот имот La Brulerie во близина на селото Души во Лоаре. Легендата на француската кинематографија беше погребан во капелата на неговиот имот, а тој самиот однапред побара погребот да се случи во најстрога тајност, во присуство само на најблиските членови на семејството и без национални почести. И покрај тоа, многу фанови успеаја да се пробијат до оградата и да положат фотографии и венци, а познато е и дека не му е исполнета последната желба.

Легендарниот француски актер почина на 18 август на 87-годишна возраст во својот дом, а неговото семејство беше покрај него во последните моменти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @alaindelon_style

За сè да остане во тајност, луѓето кои присуствувале на последното испраќање морале да ги спуштат мобилните телефони при влегувањето на имотот за да не се фотографира на погребот, а забранета била и употреба на дронови, пишуваат француските медиуми.

На погребот присуствуваа француската министерка за култура Рашида Дати, синот на актерот, како и пријателот Жан Пол Белмондо,кој заедно со актерот Винсент Линдон одржаа говор. Делон сакал неговото десетгодишно куче да биде евтаназирано и погребано со него кога ќе умре, но семејството на актерот одбило да го стори тоа по силните реакции на групите за заштита на животните, пишува Гардијан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alain Delon (@alain.delon.4ever)

Ален Делон важеше за еден од најголемите актери на француската кинематографија, а неговата успешна кариера, како и неговиот фасцинантен љубовен живот, докажуваат дека тој го живеел животот во потполност.

Во младоста бил исклучително убав, па не е ни чудо што го нарекле француската верзија на Џејмс Дин. Многу убавици не можеле да одолеат на неговиот шарм, вклучувајќи ја и Брижит Бардо.

Делон е роден во париското предградие Ско, а како дете на разведени родители бил многу проблематичен, поради што бил избркан од дури шест училишта.

На 17-годишна возраст се пријавил во француските маринци, но во тој период бил забележан од ловецот на таленти Дејвид О. Селзник, со кого набрзо потпишал договор кој подоцна резултирал со повеќе од 80 филмски улоги.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @alaindelon_style

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @alaindelon_style

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma