Се вери пејачката и актерка, Лејди Гага.
Станува збор за нејзиното долгогодишно момче, технолошкиот претприемач Мајкл Полански.
@gabriel_attal Thank you Lady Gaga for your stunning performance at the opening ceremony. It was breathtaking. 🤩🫶
Имено, се слуша како 38-годишната поп ѕвезда го нарекува 46-годишниот бизнисмен „мој вереник“ во видеото на TikTok што го сподели францускиот премиер Габриел Атал во неделата, 28 јули.
Двојката моментално е во Париз, каде пејачката настапи на свеченото отворање на Олимпијадата.
Сето ова се случува откако на почетокот на овој месец таа го посвети својот настап во Лас Вегас на Полански нарекувајќи го „мојот господин“.