Лимонадата со зелен чај е омилен летен пијалок во Старбакс ширум светот, за жал, сеуште немаме Старбакс, но затоа имаме рецепт за домашна лимонада од зелен чај Оваа лимонада со чај е лесна за правење и е многу здрава. Ако му додадеме уште зелен чај, освен што убаво ќе не излади, кофеинот од чајот ќе не разбуди и ќе ни даде дополнителна енергија.
Овој рецепт користи свежи лимони, едноставен шеќерен сируп и кесички зелен чај. Сепак, наместо сируп, можете да користите шеќер, свеж сок од лимон или да пробате зелен чај со нане за малку поинаков вкус. Овој напиток може да се чува во фрижидер 4-5 дена, но веројатно ќе се пие многу порано.
Лимонада со зелен чај:
Состојки за чај:
• 470 мл врела вода
•еднаква количина шеќер и вода за подготовка на сируп
• 5 кесички зелен чај
За лимонада
• 470 мл ладна вода
• 60 мл сок од лимон (свеж или флаширан)
• 2 лажици сируп (или шеќер)
• мраз
Ледена лимонада со зелен чај – подготовка
1. Направете едноставен сируп со загревање еднакви делови од шеќер и вода. Загрејте на средна топлина и мешајте додека шеќерот не се раствори. Оставете да се излади.
2. Направете лимонада мешајќи 470 мл ладна вода со 60 мл сок од лимон и 2 лажици сируп.
3. Сварете зелен чај ,користете 5 кесички чај со 2 шолји врела вода.
4. Кога чајот е готов, извадете ги кесичките чај (не стискајте ги бидејќи чајот ќе биде горчлив). Истурете го чајот во бокал за пиење.
5. Во бокалот додадете еднаква количина лимонада.
6. Додадете мраз во бокалот за пиење или во чашите додека ја сервирате лимонадата од зелен чај.