Лиза Кудроу ја играше Фиби Бафеј, омилениот лик на многумина во серијата, во светски познатата хумористична серија „Пријатели“.
Како и другите актери, улогата во Пријатели ѝ донесе светска слава на Кудроу. Неодамна, актерката, гостувајќи во подкастот на Конан О’Брајан, откри дека една работа особено ја нервирала за време на снимањето.
Како што пренесува Movie Web, Кудроу му открила на водителот дека најмногу ја нервирала кога публиката се смеела предолго и во несоодветни моменти. На прашањето зошто ѝ пречело, Кудроу одговори:
„Затоа што премногу долго се смеат. Не беше толку смешно. Не беше, искрено, и ме нервираше. Тоа само го мешаше тајмингот на остатокот од шоуто. Има и други реплики… Понекогаш само ќе ги погледнев ако се смееја предолго и ќе речев: „Абе ајде!“ Телевизиската серија не е за студиска публика, направена е за гледачите дома“, рекла Кудроу во подкастот.