За оваа одлична пита ќе бидат доволни малку варени компири, сирење, шунка, лиснато тесто и уште неколку состојки.
СОСТОЈКИ:
- лиснато тесто
- цацики сос или малку крем сирење со зеленчук
- рендан кашкавал
- варени компири, исечени на прстени
- пржена сланина или шунка
- жолчка
- сусам
Подготовка:
Половина од лиснатото тесто намачкајте го со сосот (крем сирењето), па посипете со рендан кашкавал, наредете ги компирите и парчињата месо. Преклопете го тестото, затворете ги рабовите, премачкајте со жолчка од јајце и посипете со сусам. Можете да го исечете на ромбоиди, за подобро и побрзо да се испече.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 20 до 25 минути.
Видео од начинот на подготовка може да погледнете ТУКА.