Како и во животот, така и во сексот треба постојано да се стремиме да се подобруваме и да пробуваме нови работи. Лотус позата е нов предизвик за сите кои сè уште не се сретнале со неа.
„Свртени сте еден кон друг, нозете ви се испреплетени и поттикнувате неверојатна интимност“, вака Џени Скајлер, сертифицирана секс терапевтка и директорка на Институтот за интимност, ја објаснува лотус позата.
Лотусот е познат и по тоа што е тантричка секс поза која уште се нарекува и „jab jam“, а бидејќи тантричкиот секс се фокусира на сексуалната енергија и страста, можете да бидете сигурни дека откако ќе ја испробате оваа поза, повеќе ништо нема да биде исто во вашиот однос со партнерот.
Како изгледа оваа поза?
Во својата најосновна форма, лотус позата изгледа вака: мажот седи на кревет, кауч или стол, додека девојка му седи во скут. Нозете треба да ви се испреплетени, а вие да бидете свртени еден кон друг.
Оваа поза е идеална за стимулирање на клиторисот при пенетрација. Овозможува и контакт лице в лице и контакт со очи, што уште повеќе ја зголемува интимноста. Затоа, вие сте во позиција да се бакнувате повеќе, бидејќи усните ви се многу блиску.
Друга предност на оваа поза е тоа што вашите раце се слободни за истражување, па препуштете ѝ се на вашата фантазија.