Блејк Лајвли во последно време е постојана мета на критики од јавноста и медиумите поради нејзиното однесување.
Ново видео кое кружи на социјалните мрежи ја прикажува Блејк на лондонската премиера на „It Ends with Us“ и го доловува моментот кога некој зад камерата и дава нараквица за пријателство, слична на онаа што ја разменуваат фановите на Тејлор Свифт.
Познатата актерка љубезно се заблагодарува за подарокот, но потоа ја подава нараквицата на својот асистент и вели: „Не одговара на мојот аутфит, ќе ја носам подоцна“.
@allocine Blake Lively est fan de son nouveau bracelet de l’amitié ….#onregardequoi#swifties #friendshipbracelets #itendswithus #filmtok
Нејзината постапка предизвика лавина коментари од луѓе кои мислат дека е безобразна и арогантна и дека можела барем да го стави на рака од пристојност во тој момент.
На видеото потоа се гледа младата актерка Изабела Ферер, која исто така добива нараквица на подарок, но за разлика од Блејк, таа веднаш ја става на рака и гордо ја покажува. Ова дополнително ја охрабри јавноста да ги осуди постапките на Блејк Лајвли.