Луѓе останаа ужаснати откако дознаа зошто устата им трне по јадење на омиленото овошје

popara11 септември, 20241min00
1725992734-pexels-janetrangdoan-1132047-750x563

Кога јадеме ананас, често имаме чудно пецкање во јазикот или устата. Веројатно многу луѓе се запрашале зошто се случува ова, а откако ја дознале причината се згрозиле.

Профилот на TikTok „SF Microscopy“ сподели видео во кое објаснува што всушност се случува со ова тропско овошје.

„Ова е затоа што нè боцкаат 1.000 ситни игли наречени рафиди. Овие кристали на калциум оксалат отвораат дупки во клеточната мембрана предизвикувајќи иритација“, се вели во видеото.

Внатре во парчето ананас се наоѓа вистински микрокосмос, кој изгледа како мали иглички кои се лепат во устата и предизвикуваат чудна, иритирачка сензација на јазикот на оној што го јаде ананасот.

„Овие игли се нарекуваат „рафиди“ и содржат нерастворливи кристали, кои се направени од калциум оксалат“, објаснува Универзитетот Мекгил.

@sf_microscopy

One of my favorite fruits is pineapple, but every time I eat them, my mouth tingles. I read that the fruit contains raphides! Kiwis, grapes, taro, and yams also have large amounts of these crystals. These needles serve as a defensive function against insect herbivors to deter them from eating the plant’s fruits and protect the seeds. The needles work with other chemcial substances, like bromelain in the pineapple, to amplify the effects. #microscope #microbiology #underthemicroscope #microscopy #microcosmos #nature #pineapple #crystals #fyp #fypage #fypシ

♬ Sunshine – WIRA

Според теориите за рафидите и нивните одбранбени механизми, ананасот возвраќа кога ги јадеме, а повеќето од нас не го знаеле тоа, со тоа што иглите ја боцкаат слузницата на усната шуплина на „предаторот“ и предизвикуваат иритација.

Видеото набрзо стана вирално и собра преку 35 милиони прегледи. Еден корисник на TikTok, толку вознемирен од ова откритие, вети дека „никогаш повеќе нема да јаде ананас“.

Друг се прашуваше каков мазохист е кога постојано јадел овошје полно со игли.

„Знаете дека овошјето е добро кога ќе почне да се бори“, се пошегува трет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag