Магнезиумот ја подобрува енергијата, ви помага да имате подобар сон и ви ги одржува хормоните во рамнотежа.
Покрај тоа што можете да го купите како додаток во исхраната од аптека, потребно е и да го внесувате преку исхраната, односно преку зелениот зеленчук, овошјата како смокви и банани, мешунките, рибата и црното чоколадо.
Дневната потреба за магнезиум е 400 мг кај мажите или 300 мг за жените. Неговиот недостаток води до губење на апетит, замор, грчеви во мускулите и мачнини.
Затоа, за природно да го внесувате магнезиумот, јадете повеќе спанаќ, кељ, смокви, банани, малини, грав, леблебија, туна или лосос и црно чоколадо, но и чисто какао како пијалак.