Иако вкусот и приоритетите на луѓето се навистина различни, во љубовта постојат неколку универзални карактеристики што секој маж сака да ги препознае кај неговата понежна половина.
Мажите не сакаат наметливи жени – Мажите почитуваат жени што имаат сопствен живот и пријатели со кои излегуваат кога сакаат простор само за себе.
Мажите сакаат кога жената ја презема иницијативата – Мажите сакаат одлучни жени кои не се плашат да го освојат она што го сакаат и им се допаѓа.
Малите работи го прават животот – Во секој момент потребно е жената да му покажува дека му значи. Подароците се одличен начин за искажување љубов, меѓутоа, не смее да се претерува. На тој начин мажот знае дека неговата сакана мисли на него дури и во текот на извршувањето на секојдневните обврски.
Жените треба да го покажат својот сексапил, меѓутоа, во никој случај не смеат да бидат нападни – Фантазијата на мажот ќе биде поголема доколку деколтето на жената открие сосема малку. Затоа, жените треба да се обидат да изгледаат пристојно, но секси, без претерување во голотијата.
Жената никогаш не смее на првиот состанок да покаже дека сака да има секс со мажот – Девојки, оставете ситуацијата да се одвива спонтано, немојте да ги форсирате работите.
Секој маж пред себе сака жена што ќе почитува и која другите ќе ја почитуваат – Ниту еден маж не сака жена што постојано ќе навлегува во конфликти и ќе се расправа за глупави работи.
Мажот сака жена што ќе биде со него во моментите кога ќе му биде најпотребна – бидејќи мажот во неговата партнерка бара и пријател.
Мажот не сака жена што ќе биде опседната со него – Никој маж не сака неговата жена/девојка да му се јавува по 200 пати во текот на денот и исто толку пати да му испраќа порака.