Мажите на оваа возраст се најдобри во кревет, веќе следното лето почнуваат да се грижат за „пивското меше“

popara28 април, 20241min00
Screenshot_5

Сексуалниот нагон значително се менува со текот на годините. На прв поглед може да изгледа дека хормоните имаат главна улога кога станува збор за желбата за секс, но не е така во сите случаи.

 

 

 

 

Важна улога во создавањето на либидо имаат и други фактори од психичка, социјална и физичка природа. Поради тоа често се случува луѓето кои би требало да бидат на врвот на својата сексуална моќ всушност да имаат помало либидо од постарите луѓе.

 

Мажите во дваесеттите години

Во текот на дваесеттите години мажите имаат високо ниво на тестостерон, хормон одговорен за сексуалната возбуда, поради што обично имаат и посилен сексуален нагон.

 

 

Од друга страна, околу 8% од мажите на оваа возраст доживуваат повремени проблеми со еректилна дисфункција. Станува збор за состојба која настанува како последица од здравствен или психички проблем поради што е неопходен разговор со доктор за да се утврди причината за оваа појава.

 

Мажите во триесеттите и раните 40 години

Иако тестостеронот почнува полека да опаѓа околу 35-тата година, многу мажи и понатаму имаат силен сексуален нагон во текот на овие години. Нивото на тестостерон обично опаѓа за околу 1% годишно, но кај некои мажи може да опаѓа и побрзо, а тоа влијае на сексуалниот нагон.

 

Покрај тоа, многу мажи на оваа возраст чувствуваат голем стрес поради работата, семејството и другите обврски и тоа може да влијае на заинтересираноста за секс.

 

Мажите на 50+

За мажите на оваа возраст, кои се со добро ментално и физичко здравје, не постои причина зошто не треба да продолжат да уживаат во сексуалниот живот.

 

Но, во овие години често се појавува проблем со еректилна дисфункција односно ерекциите стануваат поретки и недоволно силни за сексуален однос. Самото стареење не е главна причина за еректилна дисфункција, туку здравствените проблеми кои доаѓаат со годините како што се срцеви заболувања, дијабетес, висок холестерол и лекови кои се користат за нивно лечење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma