Познатиот пејач Малума се реализираше во најубавата улога во својот живот.
Колумбискиот пејач стана татко, а оваа прекрасна вест ја сподели со светот преку Инстаграм.
– На 9 март во 8:23 часот се роди љубовта на нашите животи Парис Лондоно Гомез. Ви благодарам на сите за честитките и убавите желби – напиша Малума, а потоа и се обрати на својата поубава половина која му подари ќерка.
– Љубов, ти благодарам што ми го исполни најголемиот сон да бидам татко, никогаш нема да го заборавам тој момент – ѝ порача пејачот на својата партнерка.
Во објавата можеме да ги видиме нивните први семејни моменти, како и првите фотографии од малата Парис.
View this post on Instagram