Сите жени сакаат да купуваат нови чевли. Сепак, припадничките на понежниот пол често ќе купат чевли кои се малку тесни и неудобни, но убави, па дури и кога зборуваме за најудобниот пар нови висококвалитетни патики, ретко кој ќе го преживее првиот ден без плускавци.
Можевме лесно да го издржиме тој ден, да не беа печењето и болката во палецот, малиот палец или петицата што ќе не следи следните денови и ќе иритира дури и ако облечеме стар пар меки чевли.
Со мала помош од фен, најомразениот проблем со чевлите е минато!
За да разгазите нови чевли и да спречите појава на плускавци, потребни ви се само неколку минути. Облечете чорапи, а потоа нов пар чевли. Вклучете го фен за коса и насочете го топлиот воздух кон проблематичните области, за тие делови од обувките да се загреат.
Исклучете го фен за коса и оставете ги чевлите додека не се изладат целосно. Материјалот ќе се прошири доволно за да не се појави меур и ќе стане помек и пофлексибилен.
Доколку е потребно, повторете ја постапката уште еднаш, иако оние кои ја пробале велат дека делува од прв пат!