Познатата манекенка и актерка, Кристи Бринкли неодамна наполни 70 години, а по повод роденденот објави серија фотографии на Инстаграм.Таа е најпозната по појавувањето на насловната страница на магазинот Sports Illustrated. Манекенката се појави и во серијата „Одмор ” и “Паркови и рекреација!”.
Кристи Бринкли во својата објава на Инстаграм изјави дека е возбудена за новата деценија која е пред неа. За време на прославата на својот 70-ти роденден, манекенката објави фотографии во костим за капење и ги воодушеви своите следбеници. Изгледа неверојатно. Бринкли го прослави својот 70-ти роденден со своите деца на островите Туркс и Каикос. Кристи е мајка на три деца; има две ќерки, Алекс Реј Џоел (37) и Сејлор Бринкли Кук (25) и синот Џек Парис (28).
Со оглед на тоа дека била манекенка, Бринкли цел живот вежбала и никогаш не престанала, а во интервјуто кое го дала за Women’s Health вели дека вежба и кога ги извршува најосновните секојдневни работи. „Кога ги мијам забите, се кревам горе-долу на прстите“, изјавила манекенката. А особено сака да тренира јога, на што е верна долги години. Бринкли минатиот септември се појави на својот Инстаграм за да ги сподели триковите што ги користи за младешки изглед. Таа изјавила дека секогаш, но секогаш користи крема со заштитен фактор, внимава на храната што ја јаде (одамна е вегетаријанка) и сподели интересен совет. Имено, манекенката изјавила дека смета дека тоа што е секогаш љубопитна и авантуристичка многу и помага во младешкиот изглед бидејќи и го задржува позитивниот дух и ведрината.
Манекенката смета дека никогаш не треба да се срамитее од својата возраст, туку да ја нагласите. „Мислам дека секоја жена треба јавно да ја каже својата возраст, бидејќи 69 години не е она што беше, а наше е да ја преобликуваме таа бројка и да и дадеме нов имиџ, еден вид преобразба“, објасни Бринкли.