Мараја Кери, по семејната трагедија, најде утеха со нејзините деца: Долго време не се појавуваа во јавност

popara15 септември, 20244min00
m_35262263_1280

Веста дека пејачката Мараја Кери (55) за само неколку часа ги загубила мајка си Патриша и сестрата Алисон неодамна ги растажи нејзините следбеници. Иако нивната врска била доста бурна, таа со нив ги живеела едни од најубавите моменти, а се чини дека после се, утеха наоѓа во своите деца. Музичката дива ги однесе своите 13-годишни близнаци – ќерката Монро и синот Марокан – во Кина, каде го посетија Кинескиот ѕид, а фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил. Истовремено, таа се пошегувала и со своите несоодветни обувки бидејќи на патувањето отишла во свој стил, облечена во вртоглаво високи потпетици.

„На Кинескиот ѕид! Некој требаше да ме предупреди за штиклите“, напиша таа, истакнувајќи дека веројатно сепак би го избрала стилот наместо удобноста и ќе ги игнорира туѓите совети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Петкратната добитничка на Греми имаше близнаци со поранешниот партнер, актерот и комичар Ник Кенон, а последното појавување во јавноста со нив беше на минатогодишното доделување на наградите Билборд, каде заедно настапија и ѝ врачија награда на сцената.

image

Децата не кријат колку се врзани и горди за неа, па и испратија трогателни зборови по повод овогодинешниот Ден на мајката. “Многу сум благодарен за се што направи и за лекциите што ме научи. Твојата љубов ме обликуваше, а јас го носам твојот дух со себе во се што правам. Ти благодарам што си ми мајка и водич. Те сакам.” Марокан ѝ напиша во честитките кои ги сподели на социјалните мрежи, додека Монро ѝ порача дека е најдобрата мајка на светот.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag