Маргот Роби повеќе не го крие трудничкиот стомак, а во овој фустан тоа би било невозможно

popara10 септември, 20241min00
Маргот Роби

Маргот Роби во тесен сив фустан го покажа својот многу видлив труднички стомак во полн сјај, а нејзиниот стајлинг не можеше да остане незабележан.

Маргот Роби блескаше додека присуствуваше на настан во Лос Анџелес во понеделникот. Популарната австралиска актерка (34) го покажа својот веќе видлив труднички стомак во тесен сив фустан додека позираше на проекцијата на нејзиниот нов филм „My Old A**“.Ѕвездата на филмот Барби, по кој завладеа розова треска во барибикорниот моден бран, го чека своето прво дете со сопругот Том Акерли. А на црвениот тепих блесна кога им се придружи на режисерката Меган Парк и актерката Мејси Стела. Тесниот сив фустан јасно ја истакна нејзината силуета, а миди фустанот со шлиц до колена имаше спуштени ракави и откриени голи рамена, што се покажа како многу ефикасно.

Актерката стајлингот го заокружи со црни сандали , а носеше и подебела златна нараквица. Таа ја остави нејзината руса коса, која сега достигнува речиси до рамениците, едноставно пуштена.

Минатото лето беше исклучително работно за оваа двојка бидејќи Маргот Роби беше на турнеја со филмот „Барби“ во кој соработуваше со својот сопруг, но и со Рајан Гослинг, Грета Гервиг и Америка Ферер. „Тие убавата вест ја држеле во тајност некое време, но среќни се што веста е објавена“, изјавил извор претходно за People, откривајќи дека двојката долго сакале принова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag