Маската за лице која е хит на „Тикток“: Може да се направи за неколку минути и дава моментален ефект на блескава кожа

popara8 март, 20242min00
Маска за лице,ефеективна за блесскава кожа

Неодамна, маските кои и даваат порцелански изглед на кожата, како онаа што ја носат Корејките, станаа исклучително популарни на социјалните мрежи, а инфлуенсерите ширум светот се повеќе го следат овој тренд.

Корејската козметика стана многу позната во последно време откако блескавиот изглед на кожата стана популарен. Овој тренд е направен по моделот на Корејките, кои се познати по чистата и сјајна порцеланска кожа. Покрај бројните препарати кои можат да се купат, сè попопуларни стануваат и природните маски кои ги прават Корејките и со чија помош го постигнуваат ефектот на „блескава кожа“.

Еден од тие рецепти особено се истакна на Тикток, стана вирален и еден куп девојки го снимија процесот на правење, а тоа е маска за лице од кафе.

Најчестиот рецепт што се појавува на Тикток вклучува лажица кафе, лажица мед, една лажица вода и малку куркума. Во малку модифицираните рецепти наместо куркума можете да најдете лимон, а во некои варијанти се додава дури и млеко, па можете да експериментирате и да најдете своја комбинација.

 

@minimallymay_ Recipe for homemade coffee face mask ✨#coffeefacemask #facemask #skincare #skincaretips #diyfacemask #naturalskincare #skintok #indianskincare #skinconcerns ♬ original sound – random.shii089

Девојките ширум светот ја фалат оваа маска и истакнуваат дури 5 придобивки од овој рецепт.

-Блескава кожа
-Го намалува воспалението на кожата

-Третман на акни

-Ги отстранува темните кругови под очите

-Го забавува стареењето на кожата

Она што се истакнува на Тикток е дека оваа маска треба да се користи 2 до 3 пати неделно по 10 до 15 минути за да се постигне саканиот ефект.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag