Маска за тенка, сува и оштетена коса: Потребни ви се само ТРИ состојки кои ги имате дома

popara1 февруари, 20241min00
676

За вашата коса да биде здрава, убава и негувана, потребна е соодветна грижа

Проблемот со тенката, сува и оштетена коса може да биде многу фрустрирачки, бидејќи косата изгледа безживотно и нездраво. Многу фактори влијаат на косата и нејзиниот изглед, како промена на исхраната, нова сезона, недостаток на сон, недоволно внесување витамини…

Природните хранливи маски кои го негуваат и скалпот се одличен и ефикасен начин за враќање на здравјето и убавината на вашата коса.

Покрај тоа што се без адитиви и хемиски агенси кои ги има во индустријата, природните маски исто така лесно се подготвуваат, не одземаат премногу време, а повеќето состојки веќе ги имате дома.

Маска за коса

Маските за коса имаат функција да ја негуваат косата, влијаат не само на површината на косата, туку и на нејзината внатрешност, со што и обезбедуваат целосна нега и заштита.

Состојки: две јајца, 3 лажици рицинусово масло и една лажица мед

Одделете ги жолчките од белките. Во сад ставете ги жолчките, а потоа додајте ги рицинусовото масло и медот и сè убаво измешајте. Намокрете ја косата со вода, а потоа со прстите нанесете ја смесата од коренот до врвовите.

Откако ќе ја нанесете маската на целата коса, добро исчешлајте ја и ставете капа за капење или завиткајте ја косата со фолија. Оставете ја маската да делува најмалку 20 минути, а потоа добро измијте ја косата со млака вода и шампон без парабени и сулфати.

Исушете ја косата како и обично; најдобро е тоа да го правите природно, без фен. Вашата коса ќе биде мека и ќе изгледа поздраво и посјајно. Оваа маска можете да ја нанесувате на вашата коса еднаш неделно за долгорочно добри резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag