Природна маска можете да направите дома и визуелно да ги намалите порите, а за неа ќе ви треба една свежа белка од јајце, лажица природен мед и малку исцеден сок од лимон.
Зголемените пори на лицето, иако се видливи само одблиску, често се трн во око кога стоиме пред огледалото. Иако тие се само естетски проблем и не ни пречат во секојдневниот живот, намалувањето на нивната видливост може да го врати изгледот на мазна кожа и чувството на задоволство. Природна маска можете да направите дома и визуелно да ги намалите порите, а за неа ќе ви треба една свежа белка од јајце, лажица природен мед и малку исцеден сок од лимон.
Измешајте ги состојките во сад и рамномерно нанесете ја маската на лицето и оставете да делува околу 15 минути или додека не се исуши. Измијте го со млака вода и уживајте во измазнето и нахрането лице.
Ако имате чувствителна кожа која е склона кон бурни реакции, користете ја маската внимателно или консултирајте се со дерматолог за користење на домашни лекови.