МАФИНИ БЕЗ БРАШНО, ГОТОВИ ЗА МИНУТА: Здрави и вкусни, совршени за било кој дел од денот

popara8 март, 20241min00
381639_slanimafinishutterstock-1297698049_ff

Солените мафини се сигурно пециво за сите прилики – брз појадок или вечера, ручек во движење, погодни како порција во посебни прилики, а исто така се одлично решение доколку ја спакувате храната и ја носите на работа.

Постојат многу варијанти на домашни мафини, а еден од најпопуларните во последните години е рецептот за мафини без брашно во кој се користат тиквички.

Благодарение на нив, пецивото е многу сочно, а доколку му ги додадете следните состојки, загарантиран е полн стомак и одличен вкус.

Состојки:

2 тиквички со средна големина
2 јајца
1 црвена пиперка, средна големина
1 лажичка прашок за пециво
150 гр сирење
2 чешниња лук
1 кромид со средна големина
11 сечкани листови шунка
сол и бибер по вкус
4 листови нане
масло по потреба

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги ситно, па ставете ги на салфетка за да се ослободи вишокот течност.
Кромидот, лукот и биберот се сечкаат ситно, па се пржат на малку масло и се оставаат на страна да се изладат.
Потоа со прстите исцедете ги тиквичките, па ставете ги во длабок сад и додајте ги изматените јајца, шунката, ренданото сирење, нането, прашокот за пециво и изладениот зеленчук. Зачинете по вкус.
Се убаво измешајте и истурете во хартиени корпи за печење, кои сте ги наредиле во калапи за мафини.
Се пече во загреана рерна на 200 степени не повеќе од 30 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag